top of page

JOIN US

Занимливости

Поради фактот што не сите возачи имаат возено исти број на трки, врз основа на освоеното и извозените трки процентуално сепак можеме да добиеме бројка која ќе ни покаже најдобро кој каде котира. Така што: 

 

СПОРЕД ПОЕНИТЕ: 

1. Душко Аврамовски 

2. Тео Стојановски

3. Дарко Ристовски     

4. Јасмин Идризовик

5. Филип Галевски 

6. Ѓорѓи Ристовски 

7. Маџар Јанош

8. Дарко Јовановски

9. Драган Георгиевски

10. Коди Никола

11. Антонио Иванов

12. Игор Секуловски

13. Мартин Илиевски

 

24 трки - 439 поени = 18.2 поена по трка

24 трки - 323 поени = 14.4 

24 трки - 331 поени = 13.7 

  8 трки - 108 поени = 13.5 

12 трки - 160 поени = 13.3 

17 трки - 227 поени = 13.3

  3 трки -   33 поени =  11

20 трки - 191 поени =  9.5 

  6 трки -   48 поени =    8 

15 трки - 118 поени =  7.8 

  9 трки -   57 поени =  6.3

15 трки -   88 поени = 5.8

11 трки -   48 поени =     4 

СПОРЕД ПОБЕДИТЕ:

1. Душко Аврамовски 

2. Филип Галевски 

3. Тео Стојановски 

4. Дарко Ристовски 

4. Јасмин Идризовик 

6. Ѓорѓи Ристовски

7. Дарко Јовановски

24 трки - 10 победи  = 41%

12 трки -   3                   = 25%

24 трки -   5                   = 20%

24 трки -   3                   = 12%

  8 трки -    1                  =  12%

17 трки -    1                  =  6%

20 трки -    1                  =  5%

 

СПОРЕД ПОЛ ПОЗИЦИИТЕ:

1. Душко Аврамовски 

2. Филип Галевски     

3. Маџар Јанош

4. Тео Стојановски

5. Ѓорѓи Ристовски

6. Коди Никола

 

24 сесии - 10 пол позиции = 41%

13 сесии -  5 пол позиции  = 38%

  3 сесии -   1 пол позиција = 33%

24 сесии -  5 пол позиции  = 20%

16 сесии -  2 пол позиции = 12%

15 сесии -  1 пол позиција =  6% 

СПОРЕД ПОДИУМИТЕ:

1. Душко Аврамовски 

2. Маџар Јанош    

3. Ѓорѓи Ристовски

4. Филип Галевски

5. Тео Стојановски

6. Дарко Ристовски

7. Јасмин Идризовик

8. Дарко Јовановски

9. Коди Никола

10. Антонио Иванов

 

24 трки - 19 подиуми = 79% 

  3 трки -   2                     = 66%

17 трки - 10                     = 59%

12 трки -   7                     = 58%

24 трки -  11                    = 45%

24 трки -  11                    = 45%

  8 трки -    3                     = 37% 

20 трки -   5                      = 25%

15 трки -   3                      = 20% 

  9 трки -   1                        = 11%  

НЕШТО ПОВЕЌЕ ОКОЛУ МАКЕДОНСКИОТ Формула 1 ШАМПИОНАТ

 

Доколку го отфрлиме победникот на првата трка, де-факто кој победил веднаш од прва, Душко Аврамовски, следни кои најбрзо победиле се: Тео Стојановски и Јасмин Идризовиќ на 2ра трка, Филип Галевски на 7ма, Ѓорѓи Ристовски на 9та, Дарко Јовановски на 20та и Дарко Ристовски на 21ва.  

 

Најубедлива победа извојува Тео Стојановски на 14.09.2014 во Силверстоун, Британија кога победи со дури 38 секунди предност пред својот тимски колега Дарко Ристовски. Првичниот рекорд беше поставен од Душко Аврамовски на првото Гран При во МК Ф1 историјата во Шпанија со разлика од нешто повеќе од 27 секунди пред Ѓорѓи Ристовски. 

 

До ден денес после 27 трки Душко Аврамовски е единствениот кој водел во секој круг па дури во два наврати, Шпанија и Канада 2013. 

 

Ѓорѓи Ристовски е првиот кој успеал да сврзе 2 пол позиции едно-подруго, следен од Тео Стојановски за да подоцна се приклучат Душко Аврамовски и Филип Галевски, рекорд кој сите четворица го делеа додека не сврза 6 пол позиции во низа оваа година Душко Аврамовски. 

 

Душко Аврамовски е првиот кој успеал да победи двапати во низа и трипати во низа, прв кој се приклучува на таа листа на победници од трка во трка е Филип Галевски а оваа година Дарко Ристовски кој влезе во фантастична форма откако претходно во својата 21ва трка ја извојува првата победа отиде доттаму да победи и 3пати во низа изедначувајќи се со рекордот на Душко Аврамовски поставен лани на Канада, Велика Британија и Италија, додека Дарко Ристовски годинава успеа во Монако, Германија и Канада. Последен и четврти кој успеал да победи во низа е и Дарко Јовановски кој после својата прва победа во Унгарија успеа да победи повторно во Австрија.

 

Ѓорѓи Ристовски во 2013 постави рекорд кој дури после трката во Австрија во 2014 беше надминат од Душко Аврамовски. Со 9 подиуми во низа. 

 

Дарко Ристовски е единствениот кој освен првата трка има освоено поени на сите преостанати 26 трки на кои се појавил. Овој рекорд е фантастичен! Во моментов не постои друг во МК Ф1 кој би можел да го загрози. Најголга низа на освоени трки во низа до претходната трка имаше Душко Аврамовски, дури 19 но и он откако ја заврши трката предвреме овој рекорд значи дека ке остане подолго. Имено, потребни би биле отприлика година ипол да се помине овој рекорд под услов Дарко Ристовски да не ја заврши наредната трка а од истата некој друг да почне да освојува поени во континуитет. 

 

Најмалата разлика за пол позиција изнесуваше 0.004 делови од секундата во Абу Даби лани помеѓу Филип Галевски и Душко Аврамовски, веднаш после таа најблиска битка е помеѓу браќата Ристовски, Дарко и Ѓорѓи во Монако истата година за разлика од 0.006. 

bottom of page