top of page

07/05/2014 - Назад во Шпанија

Се ближи 12ти Мај или 1 година откако се возеше првата трка во македонскиот Формула 1 Шампионат. 

 

Тогаш таа трка со старт од пол позицијата ја доби Д.Аврамовски кој по грешката на Ѓорѓи Ристовски беше оставен да ја зголемува разликата од круг во круг во однос на младиот и талентиран Коди Никола, па така до првото влегување во бокс Д.Аврамовски беше со предност од преку 18 секунди. Кон крајот на трката Ѓорѓи Ристовски и покрај сите проблеми успеа да се врати назад во борба за подиумот и го освои второто место.

 

После една година Д.Аврамовски кој ја освои пол-позицијата и победата се враќа со титула зад своето име а Ѓорѓи Ристовски се враќа како вице-шампион. Ако се напомене дека двајцата перспективно завршија прв и втор на оваа трка, дали и оваа година по редоследот во недела може да прогнозираме за евентуален финален поредок кај возачите во борбата за титулата? 

 

Друго што е интересно да се напомене е дека лани пол-позицијата Д.Аврамовски ја освои со најбрзо време 1.19.390. Во трка најбрзото време го извозе Ѓорѓи Ристовски, 1:20.468. 

 

Оваа година со промената на гумите и останатите регулативи болидите се за 2 секунди речиси побрзи. 


Дарко Јовановски кој лани ја извозе првата трка во Монца, Италија, оваа година во Шпанија е на провизорна пол позиција со време од 1.17.463. Втор е Јасмин Идризович кој има 1.19.169 после првите 20 кругови свртени. 

 

Во текот на неделава се очекува да пристигнат и останатите, Д.Аврамовски, Т.Стојановски, Д.Ристовски, Ѓ.Ристовски, Т.Андоновски, П.Илиев, М.Илиевски, И.Секуловски и Д.Георгиевски.

 

Истотака во текот на неделата се очекува пријава на двајца нови пилоти кои ќе дебитираат во Шпанија. 

Возачи

75

70

65

52

44

34

22

12

4

0

0

0

0

Конструктори

1. Ред Бул

2. Мерцедес

3. Мекларен

4. Ферари

5. Форс Индија

6. Торо Росо

7. Вилијамс

 

109

105

75

74

16

0

0

1. Тео Стојановски

2. Јасмин Идризович

3. Душко Аврамовски

4. Дарко Ристовски

5. Дарко Јовановски

6. Драган Георгиевски

7. Ѓорѓи Ристовски

8. Мартин Илиевски

9. Игор Секуловски

10. Петар Илиев

11. Тимотеј Андоновски

12. Емилио Ајдар

13. Влатко Груевски

Ваш коментар

bottom of page