top of page

07/06/2014 - Дарко Ристовски трета победа во низа!

Во првиот ред поставени Маџар Јанош и Дарко Ристовски а веднаш зад нив Душко Аврамовски и Тео Стојановски, двајца со двајца имаа исти сет на пневматици, Маџар Јанош и Тео Стојановски на суперсофт, Дарко Ристовски и Душко Аврамовски на медиум. Тоа од старт ветуваше интересна трка! 

 

Позади Дарко Јовановски, Игор Секуловски, Мартин Илиевски и Никола Савевски сите стартуваа со гумите суперсофт. 

 

Како светлата се изгаснаа М.Јанош се одвои напред проследен од Дарко Ристовски и Душко Аврамовски од надворешната избегнувајќи контакт додека Тео Стојановски на првиот свиок се обиде од внатрешната страна и подобрите гуми да искочи пред неговиот тимски колега, но не успеа па при кочење беше удрен одзади од Игор Секуловски, напред остана М.Јанош втор Д.Ристовски и трет Д.Аврамовски кој веднаш беше позади, при што на наредниот свиок Д.Ристовски при посилно кочење кое Д.Аврамовски не го очекуваше, во избегнување загуби контрола и излета од патеката за среќа без никаква оштета на болидот и се врати како последен. 

 

Во третиот круг дојде до судир помеѓу Мартин Илиевски и Дарко Јовановски кој немаше каде да помине при извртувањето на М.Илиевски, Д.Аврамовски од позадина, кој веќе го имаше поминато Н.Савевски се протна на 5то место зад Игор Секуловски. 

 

Напред М.Јанош направи разлика пред Д.Ристовски од 8 секунди на помеките гуми додека Т.Стојановски сеуште беше третопласиран. Д.Аврамовски со добар маневар на истиот свиок каде лани Игор Секуловски ги прејде Тео Стојановски и Ѓорѓи Ристовски со еден обид, Аврамовски искочи напред и сега веќе го бркаше Т.Стојановски кој многу рано влезе во бокс, со тоа што Д.Аврамовски искочи и на третата позиција и веќе редоследот не се промени до последниот стинт. 

 

До последниот стинт, веќе имајќи ги претходно искористено потврдите пневматици, и Дарко Ристовски и Душко Аврамовски кои беа на 10 секунди еден од друг притискаа од круг во круг се повеќе и повеќе, резултирајќи во една битка за најбрз круг која ја доби Душко Аврамовски, на секое променување гуми поставуваше најбрз круг се до последниот стинт кога Д.Ристовски го постави најбрзото време, потоа Д.Аврамовски, нареден круг повторно Д.Ристовски за 10 секунди подоцна Д.Аврамовски по третпат да го подобри своето време, од круг во круг, тоа така остана до крајот. Разликата сеуште беше нешто испод 9 секунди а Маџар Јанош со 25 секунди во водство но неа беа доволни. 

 

Маџар Јанош сеуште немаше променето гуми односно искористено потврдите пневматици при што во последните 10 круга се најдоа он и Д.Ристовски еден зад друг, овој на потврди Д.Ристовски на супер меките пневматици и побрзи, дупло! Дилеми немаше и беше прашање на време! Дарко Ристовски трпеливо го чекаше моментот и тоа го направи на свиокот број 5, влегувајќи од внатрешната страна, Маџар Јанош на тврдите гуми немаше теоретски шанси за одбрана. 

 

Позади Тео Стојановски возеше цела трка, своја трка, како и Дарко Јовановски кој по којзнае кој пат оваа година несреќно не успева да стигне до толку посакуваната победа, која и му избега во Малезија за само 5 секунди, каде доколку не беше Душко Аврамовски можеби и ќе победеше, но останува таборот на Ред Бул и понатака многу сложен во борбата за конструкторите. 

 

Дарко Ристовски со 3тата победа во низа, откако веќе две му украде на Аврамовски во последните кругови овојпат и на Маџар Јанош за да се изедначи со 3 победи во низа со Душко Аврамовски, достигнување кое го постави од самиот почеток претходната сезона, достигнување кое, доколку не беше казната во Монако поради оној инцидент со Ѓ.Ристовски, можеби и ќе беа 5 во низа не 3. 

 

Во секој случај Д.Ристовски е во страшна форма! Веќе наредната недела се вози трката во Унгарија на Хунгароринг каде лани Филип Галевски ја забележа својата прва победа од двете во низа, по што следеше последната Белгија во Спа! 

1.  Дарко Ристовски

2.  Душко Аврамовски

3.  Јасмин Идризовиќ

4. Драган Георгиевски

5. Дарко Јовановски

6. Мартин Илиевски

7. Марио Јаневски

8. Тео Стојановски

Резултати од ГН на Германија - Хокенхајм

     ВОЗАЧ                               

1:05:50.256

1:05:57.185

1:06:21.064

1:06:56.521

1:06:58.075

1:06:12.062

Инцидент

ДКФ

 

 

ВРЕМЕ

РАЗЛИКА

 

+00:06.929

+00:30.808

+01:06.265

+01:07.819

+3 круга

+ ----------

+ ----------

 

КРУГОВИ

ТИМ

Мекларен

Ред Бул

Мерцедес

Мерцедес

Ред Бул

Форс Индија

Заубер

Мекларен

50/50

50/50

50/50

50/50

50/50

47/50

46/50

34/50

Ваш коментар

Табела Возачи

126

114

105

103

79

52

22

20

15

6

4

0

0

0

0

Табела Конструктори

1. Ред Бул

2. Мерцедес

3. Мекларен

4. Ферари

5. Форс Индија

6. Заубер

 

144

118

93

86

31

6

 

1. Душко Аврамовски

2. Дарко Ристовски

3. Јасмин Идризовиќ

4. Тео Стојановски

5. Дарко Јовановски

6. Драган Георгиевски

7. Ѓорѓи Ристовски

8. Мартин Илиевски

9. Маџар Јанош

10. Марио Јаневски

11. Игор Секуловски

12. Петар Илиев

13. Тимотеј Андоновски

14. Емилио Ајдар

15. Влатко Груевски

bottom of page