top of page

20/04/2014 - Тео Стојановски со 2 победи на 3 трки!

Ако лани се чекаше на цели 6 трки друг да победи а не Аврамовски, ако се исклучи онаа препишана победа на Тео Стојановски во Монако откако Аврамовски беше казнет, оваа сезона работите се многу многу поинаку.

 

Тео Стојановски засега на 3 трки има 2 победи, од кој и двете се добиени на многу тежок начин и многу борба! 

Ако во Австралија на моменти беше предизвикан од Јасмин а потоа посериозно од Дарко Ристовски овојпат во Бахраин Тео Стојановски со одлична стратегија потполно во стилот на возачот кој го претставува, Џенсон Батон, со одлично менаџирање на пневматиците и паметно возење без многу грешки, на крајот успеа да стигне до најтесната победата во историјата на овој Формула 1 Шампионат! 

 

Тео Стојановски стартуваше на тврдата компонента и остана на трката плус 3-4 круга откако сите други веке направија промена на гумите, само еден му беше во чекор, Душко Аврамовски, сето тоа за да касно во трката прејде на помека варијанта, но со ПИТ-СТОП помалку! Тоа го примети и Аврамовски кој го следеше во чекор сепак, Аврамовски направи грешка која скапо го чинеше и на крајот и ѓи загуби шансите за победа. Доколку тоа не се случеше, во последниот стинт Аврамовски и Тео Стојановски ќе беа на софт гуми или побрзи гуми во однос на конкурентите Јасмин и Ѓорѓи Ристовски кои со ПИТ-СТОП повеќе ке беа на тврда компонента и едвај 10 секунди напред на 10 круга до крајот. Но, остана Тео Стојановски да се бори за таа шанса и да победи. И успеа во тоа! 


Тео Стојановски во свој стил, приближувајќи се на двајцата водечки, Јасмин и Ѓ.Ристовски ѓи присили на грешка по што и самиот ја направи, тројцата во драматичен финиш испаднаа од трката по што Тео Стојановски се врати прв на патеката и успеа да победи пред Ѓ.Ристовски кој беше на само +0.067 од него! Тоа е најблискиот финиш воопшто досега и тешко дека ке се повтори пак. Со оваа победа Стојановски се зацврсти на лидерската позиција пред Јасмин Идризович кој трката ја заврши како трет. 

 

Во позадина ланскиот шампион беше, иако на помеќи гуми и далеку побрз во моментот од сите останати на патеката, немаше шанси против ландокрвниот и супер-брз Дарко Ристовски кој на потврдата компонента извозе одличен стинт, што е уште побитно, без ниту една грешка! 

 

Дарко Јовановски пак кој стартуваше веднаш до Аврамовски од првиот ред, откако на стартот имаа мал контакт по што Јовановски го извлече подебелиот крај, на крајот успеа само да се бори за 6тото место каде што и ја заврши трката.

Веднаш по трката видно разочаран од својот колега, чија грешка дефинитивно го чинеше можеби и победа, втора трка по ред, изјави дека на моменти сакал да се паркира во боксот но решил да извози за тимот собирајќи големи 8 поена.  

Ваш коментар

Табела возачи

60

52

42

40

36

24

18

 6

 4

 0

 0

 0

 0

Мекларен

Мерцедес

Ферари

Ред Бул

Ред Бул

Мерцедес

Ферари

Форс Индија

Форс Индија

Мекларен

Торо Росо

Вилијамс

Вилијамс

1. Тео Стојановски

2. Јасмин Идризович

3. Дарко Ристовски

4. Душко Аврамовски

5. Дарко Јовановски

6. Драган Георгиевски

7. Ѓорѓи Ристовски

8. Мартин Илиевски

9. Игор Секуловски

10. Петар Илиев

11. Тимотеј Андоновски

12. Емилио Ајдар

13. Влатко Груевски

1. Тео Стојановски

2. Ѓорѓи Ристовски

3. Јасмин Идризовиќ

4. Дарко Ристовски

5. Душко Аврамовски

6. Дарко Јовановски

7. Драган Георгиевски

8. Игор Секуловски

9. Петар Илиев

10. Мартин Илиевски 

Резултати од трката за Бахраин

     ВОЗАЧ                                   КРУГОВИ                     ВРЕМЕ             РАЗЛИКА

42/42

42/42

42/42

42/42

42/42

42/42

42/42

38/42

19/42

0/42

1:06:42.415

1:06:42.482

1:06:48.022

1:06:49.085

1:07:02.684

1:07:28:391

1:08:05.794

DNF(судир)

DNF

DNF

0.000

+0.067

+05.607

+06.670

+20.269

+45.976

+1.23.379

- 4Laps

- 23 Laps

- 42 Laps

Најбрз круг: Душко Аврамовски

bottom of page