top of page

12/05/2014 - Годишнина од првата трка во МК Ф1 и Големата Награда на Шпанија

Пред точно една година на 12ти Мај 2013 се извозе првата трка во МК ф1 календарот.

 

Резултати 2013: 

Пол позиција: Аврамовски 

Победа: Аврамовски

Најбрз круг: Ѓорѓи Ристовски

 

Трката од самиот старт ја поведе Аврамовски кој по 10 круга исчезна напред оставајќи го Коди Никола заедно со Тео Стојановски и Антонио Иванов да се борат за второто место откако пред почетокот на вториот круг Ѓорѓи Ристовски направи кардинална грешка при што беше катапултиран во банкината откако Филип Галевски немајќи каде се заби во неговиот опаш. 

За чудо на вистината Ѓ.Ристовски помина без никакво оштетување за разлика од Галевски кој мораше на поправка во бокс. 

Како да не беше доволно што помина без никакво оштетување Ѓ.Ристовски успеа на крај дури да го претекне и Тео Стојановски во директна борба за второто место на само неколку кругови до крајот, што беше одлично за присутните гледачи во моментот. 

 

Во трката учествуваа 13 возачи меѓу кои и двајца кои никогаш повеќе не се појавија, за разлика од Мартин Марковски кој успеа да се избори за пласман меѓу најбрзите 15 уште во неколку наврати. 

 

Интересно е да се напомене дека ланскиот шампионат заврши точно онака како што заврши и првата трка во Шпанија. Аврамовски ја освои титулата Ристовски вице-шампион а Стојановски заврши трет. 

 

Оваа година Аврамовски како и лани на идентичен начин повторно промашувајќи го само најбрзиот круг, кој оваа година отиде кај Стојановски, ја доби пол позицијата и ја освои победата.

 

Интересно е што лани тука Аврамовски ја освои 1та а сега 10тата победа, само една 0 дополнително.

Меѓу другото ја освои 9тата пол позиција и кај подиумите, Аврамовски се искачи по 15ти пат, Стојановски 11ти пат додека третото место оваа година му припадна на Маџар Јанош кој во отсуство на Мартин Илиевски настапи во замена за тимот на Форс Индија носејќи им вредни поени. Он е и 9тиот пилот кој стигнал до подиумот.

Душко Аврамовски во водство 

12ти Мај 2013 - ГН Шпанија 

2 круг 

Душко Аврамовски и Ѓорѓи Ристовски во првиот свиок 

Стартот на првата трка во МК ф1 

Ѓорѓи Ристовски го напаѓа Коди Никола за трето место 

1. Душко Аврамовски         2. Тео Стојановски

3. Маџар Јанош

4. Дарко Ристовски

5. Дарко Јовановски

6. Јасмин Идризович

7. Драган Георгиевски

8. Марио Јаневски

9. Ѓорѓи Ристовски

10. Емило Ајдар

11. Тимотеј Андоновски 

 

Резултати од Шпанското Гран При 2014

     ВОЗАЧ                               

1:08.08.235

1:08.15.663

1:08.21.043

1:08.22.218

1:09.17.017

1:09.46.249

1:09.44.673

DNF

DNF

DNF

DNF

 

ВРЕМЕ

РАЗЛИКА

 

+07.428

+12.808

+13.983

+1:08.782

+1 Lap

+1 Lap 

 

Ваш коментар

Возачи поредок 2014

93

90

78

64

54

40

22

15

12

4

0

0

0

0

Конструктори

1. Ред Бул

2. Мерцедес

3. Мекларен

4. Ферари

5. Форс Индија

6. Торо Росо

7. Вилијамс

 

144

118

93

86

31

0

0

1. Тео Стојановски

2. Душко Аврамовски

3. Јасмин Идризович

4. Дарко Ристовски

5. Дарко Јовановски

6. Драган Георгиевски

7. Ѓорѓи Ристовски

8. Маџар Јанош 

9. Мартин Илиевски 

10. Игор Секуловски

11. Петар Илиев

12. Тимотеј Андоновски

13. Емилио Ајдар

14. Влатко Груевски

bottom of page