top of page

25/05/2014 - Дарко Ристовски до победа после 21 трка

Трката започна така што Душко Аврамовски се одалечи стартувајќи од пол позицијата, следен од Дарко Јовановски, Јасмин Идризовиќ, Мартин Илиевски кој набрзо падна подоле а на негово место дојде Дарко Ристовски предводејќи го Тео Стојановски потоа Маџар Јанош кој во отсуство на Драган Георгиевски го завзема местото во Мерцедес и возејќи пред последните тројца Игор Секуловски од Форс Индија, Петар Илиев од Ферари и и новајлијата Марио Јаневски од Заубер. 

 

Многу битно е да се напомене дека во првиот стинт односно Душко Аврамовски, Дарко Јовановски, Јасмин Идризовиќ, Мартин Илиевски, Маџар Јанош, Петар Илиев и Игор Секуловски стартуваа со супермеката компонента додека двоецот на Мекларен, Дарко Ристовски и Тео Стојановски беа на потврдата и поспора компонента кое значеше дека овие двајца ке го посетат боксот последни.

 

Тогаш возејќи на 4тото и 5тото место заостанувајќи некои 10 секунди зад лидерот Д.Аврамовски двајцата решија да го посетат боксот по само 8 кругови за да веднаш искочат на помеката и побрза компонента имајќи ѓи веке искористено потврдите гуми со што ќе се исполни правилото на два типа пневматика по трка, но тоа не го следеа сите а на крајот ќе се покаже како клучно! 

 

Трката беше без инциденти, што беше за воодушевување кое покажа почит и квалитет на оние кои учествуваат, без инциденти да се пројде во Монако е неверојатен успех! До 10тиот круг се случија сите промени а потоа веќе и речиси немаше никаква акција освен во борбата за водството која ке ви ја претставиме подоле но сега да се задржиме на останатите пилоти. 

 

Тео Стојановски се мачеше со Јасмин Идризовиќ кој успеа да избие на 4тото место. Позади на 6тото беше искусниот Маџар Јанош кој извозе добар почеток за Мерцедес пред Мартин Илиевски кој поради грешки испадна, како и Петар илиев и Марио јаневски. Игор Секуловски меѓу нив се покажа како најискусен завршувајќи на 6то место

 

Да се вратиме некаде на почетокот, Душко Аврамовски со во водство од 4 секунди пред Дарко Јовановски сеуште на истиот сет пневматици со кои ја започнаа трката, речиси пред нивното целосно уништување во 10тиот круг по првата посета на боксовите искочи со медиум или потврдата компонента и успеа да остане сеуште во водство а тоа го направи и Дарко Јовановски круг подоцна кој искочи зад Дарко Ристовски кој сега беше втор, но по второто влегување во бокс тој премина на супермеките гуми. Тоа беше некаде околу 26тиот круг кога и Душко Аврамовски по вторпат ги посети механичарите со водство од 19 секунди бидејќи Дарко Ристовски веќе влезе во бокс по вторпат 7-8 круга претходно па сега искочи зад Дарко Ристовски кој беше во водство 2 круга па влезе по третпат во бокс како лидер овојпат со само 2 секунди, оставајќи го Душко Аврамовски напред со преку 18 секунди повторно но додека Душко Аврамовски ѓи трошеше сеуште истиот сет на пневматици па и поспори, Дарко Ристовски искочи на нови супермеки гуми што значеше дека сега он беше по речиси 2 секунди побрз! Разликата од 19-20 секунди падна на 8 а Душко Аврамовски го возеше третиот стинт или вториот на тврди гуми што значеше дека до крај ќе влезе уште еднаш ако евентуално се одлучи за нов сет на тврди пневматици додека со меките би морал уште двапати.

 

Тука веќе беше јасно дека Душко Аврамовски ќе влезе повторно околу 46тиот или 47миот круг а тоа значи само 1 пит стоп додека Дарко Ристовски на 29 круг веќе имаше влезено дури трипати а до крај остануваа уште 19 круга или уште минимум 2 пит стопа од кој еден мора да му е медиум. Но така мислеше само Аврамовски бидејќи немаше поента да става повторно медиум кога веќе ѓи промени толку рано на самиот старт наместо да добиеше повеќе кругови Дарко Ристовски ги промени одма за да вози на побрзите гуми, и тоа Аврамовски не го примети и не успеа да се одбрани.

 

Како се наближуваше крајот на трката така се повеќе и повеќе разликата помеѓу нив се намалуваше иако Дарко Ристовски имаше пит стоп повеќе, беше по секунда ипол до две побрз во секој круг така што по последното менување на гуми Дарко Ристовски искочи со само 9 секунди зад Аврамовски и на супермеки гуми додека Аврамовски мораше 9 круга да вози на истрошени тврди поспори гуми кога беше и цели 2 секунди поспор по круг. Одличната стратегија на Дарко Ристовски значеше на 6 круга пред крајот и дефинитивна победа после 21 трка и 20 трки како завршува во поени едно-по-друго, поминувајќи го Аврамовски од надворешната страна кај Мирабеу свиокот. Откако Аврамовски го загуби водството почна да извикува: "Дарко ги нема искористено медиум гумите, дали знае дека мора да ги искористи сите?" откако му беше укажано дека Дарко нема повеќе да влегува во бокс поради грешка на неискористени пневматици бидејќи веќе и ѓи има искористено Аврамовски се замисли па прокоментира: "Не е можно, влезе во 8ми круг во бокс! Зашто влезе во 8ми круг?!?!" одговор не доби и сеуште не му беше јасно како Дарко успеа итро да му ја одземе победата па вината ја бараше во себе, како ја загуби третата победа во низа и прва во Монако. Лани му беше одземена поради инцидент оваа година ја загуби на 6 круга до крајот. Одговорот го доби после трката. 

 

Останаа уште 3 круга до крајот и сеуште ништо не беше готово, кога на 2 круга пред крајот Аврамовски увиде дека нема доволно гориво за до целта па мудро го штедеше по што Дарко Ристовски се одалечи цели 27 секунди а Тео Стојановски кој беше на трето место цели 49 секунди позади немаше толку среќа и остана без гориво на предпоследниот свиок Раскас! Тука тој се паркира буквално и ѓи остави Дарко Јовановски на третото и Јасмин Идризовиќ на четвртото додека другите и не ја завршија трката поради инциденти!

 

Како и да е дури тогаш откако на Аврамовски му беше објаснето после трката му честита на Дарко Ристовски за првата победа после 21 трка, потенцирајќи го тоа велејќи "беше прашање на време! честито!"

 

Со оваа победа Дарко Ристовски конечно се вмешува за титулата со тоа што има само 1 бод помалку од Јасмин а 19 од Душко Аврамовски и 14 од Тео Стојановски на кој му зададе вистински удар, победувајќи го воедно и потенцирајќи дека нема да биде задоволен со статусот на 2 возач во тимот.

 

 

 

1.  Дарко Ристовски

2.  Душко Аврамовски

3.  Дарко Јовановски 

4.  Јасмин Идризовиќ

5.  Тео Стојановски 

6.  Игор Секуловски

7.  Маџар Јанош 

8.  Петар Илиев

9.  Мартин Илиевски

10. Марио јаневски 

Резултати од ГН на Монако, Монте-Карло

     ВОЗАЧ                               

1:17.21.482

1:17.46.406

1:18.22.427

1:18.49.726

- : -- . --. ---

ДКФ

Суспензија

ДКФ

Суспензија

Суспензија

 

 

ВРЕМЕ

РАЗЛИКА

 

+24.924

+1.00.945

+1.28.244

+ ----------

+ ----------

+ ----------

+ ----------

+ ----------

+ ----------

КРУГОВИ

ТИМ

Мекларен

Ред Бул

Ред Бул

Мерцедес

Мекларен

Форс Индија

Мерцедес(З)

Ферари

Форс Индија

Заубер

58/58

58/58

58/58

58/58

57/58

29/58

26/58

22/58

  7/58

  3/58

 

Ваш коментар

Табела Возачи

108

103

90

89

69

40

22

15

12

4

0

0

0

0

Табела Конструктори

1. Ред Бул

2. Мерцедес

3. Мекларен

4. Ферари

5. Форс Индија

6. Торо Росо

7. Вилијамс

 

144

118

93

86

31

0

0

1. Душко Аврамовски

2. Тео Стојановски

3. Јасмин Идризович

4. Дарко Ристовски

5. Дарко Јовановски

6. Драган Георгиевски

7. Ѓорѓи Ристовски

8. Маџар Јанош 

9. Мартин Илиевски 

10. Игор Секуловски

11. Петар Илиев

12. Тимотеј Андоновски

13. Емилио Ајдар

14. Влатко Груевски

15. Никола Савевски

bottom of page