top of page

11/05/2014 - Аврамовски со 2 победи во низа 

Како и лани исто и оваа година, од пол позиција стартуваше Аврамовски - победи Аврамовски. Најбрз круг извозе Тео Стојановски, во отсуство на Ѓорѓи Ристовски кој го имаше најбрзото време лани. 

Оваа година е соборен рекордот и за време на квалификации и за време на трка. Во квалификации новиот рекорд е 1:16.575 а во трка Тео Стојановски 1:17.797 што е за цели 2 секунди побрзо од лани. 

 

Трката започна така што Стојановски изби во водство додека Јасмин се бореше во првиот свиок со Аврамовски за второто место. Двајцата отидоа напред, Аврамовски падна на третото место и успеа за малце да избегне пад на уште повеќе позиции, по нападот на Драган Георгиевски и Маџар Јанош. Дарко Јовановски и Дарко Ристовски и двајцата имаа прилично идентичен старт и изостанаа во позадина со Марио Јаневски кој ја извозе својата прва трка, веднаш зад нив. Марио Јаневски не успеа да ја заврши трката и по само неколку кругови се паркираше поред стазата поради проблеми. Напред во мегувреме беше многу густо. Аврамовски го претекна Јасмин а по круг го престигна и Стојановски кој во тој момент загуби контрола и излета од патеката. Стојановски имаше и добиено 10 секунди казна за предвремен старт. 

 

По првиот стинт и влегувањата во бокс, Аврамовски кој прв го посети боксот, со исклучок на Стојановски и Јовановски, само ја зголеми разликата во однос на Маџар Јанош од 6 на 10 секунди кој го задржа второто место и го следеше во чекор. Дарко Јовановски по грешките на Јасмин Идризович и Тео Стојановски успеа да избие на второто место откако го претекна Маџар Јанош, се додека не направи грешка. По второто менување на гумите Аврамовски искочи зад Стојановски и Ристовски кои сеуште беа на стари гуми и практично беше заглавен два круга,  загуби цели 4 секунди во однос на Маџар Јанош кој успеа да се доближи но не доволно за да има било какви шанси за да го претекне Аврамовски. Секојпат кога Јанош ке се доближеше Аврамовски повторно ќе ја зголемеше разликата. Позади 30 секунди Стојановски почна полека но сигурно да се пробива, откако веќе го помина Драган Георгиевски, Јасмин Идризович и Јовановски кој направи неколку грешки на ред дојде Ристовски за да на крајот со подобар сет на гуми го претекне и Маџар Јанош кој немаше теорија да се брани од нападите. Стојановски на изненадување на Аврамовски трката ја заврши само 6 секунди покасно.

 

Аврамовски: ‘‘На самиот старт видов дека Тео има казна и практично ќе биде оставено на мене да ја добијам трката. Кога на крајот, 42ри круг поточно го видов Тео на само 5 секунди позади мене, јас на тврди гуми он на меки, бев речиси сигурен дека ке влага во бокс барем уште еднаш. Но кога веќе 45ти круг помина и разликата беше само 3 секунди, решив да стиснам заби уште неколку круга а во исто време бев вчудоневиден како се најде толку блиску до мене. Тео евентуално и заврши на второ место со само 6 секунди заостанување, имал навистина одлична трка!‘‘ 

 

Дарко Ристовски пак, со погрешна стратегија за малце ја испушти шансата да се искачи на подиумот , додека останатите имаа многу грешки и излетувања па немаа шанси за подобар пласман.

На табелата по слабиот резултат на Јасмин ги заменија позициите со Душко и сега Душко е тој што го брка лидерот на шампионатот Тео на само 3 бода, а Јасмин ќе има мотивација плус да покаже што знае на следната рунда 6 која се вози на патеката МОНАКО. Тука е и ветеранот Јанош кој ќе замеша прсти доколку некој од стандардните возачи повторно е оправдано одсутен. Тоа ветува одлични трки во продолжението на сезоната

 

ПОВЕЌЕ ИНФО 

 

По денешната трка која беше 20та за Ристовски, Стојановски и Аврамовски, Аврамовски стигна до бројка од 10 победи. Втор е Стојановски со 5. 

Со вчерашната пол позиција Аврамовски не само што оствари 5 во низа туку оствари 1 повеќе во првите 5 трки отколку лани во 15 трки. 

Дарко Ристовски ја продолжува неверојатната  низа на 19 последователни трки како освојува поени! 

Дарко Јовановски со 6 трки во низа како освојува поени го надмина својот претходен најдобар личен успех од само 5. 

 

1. Душко Аврамовски         2. Тео Стојановски

3. Маџар Јанош

4. Дарко Ристовски

5. Дарко Јовановски

6. Јасмин Идризович

7. Драган Георгиевски

8. Марио Јаневски

9. Ѓорѓи Ристовски

10. Емило Ајдар

11. Тимотеј Андоновски 

 

Резултати од Шпанското Гран При 

     ВОЗАЧ                               

1:08.08.235

1:08.15.663

1:08.21.043

1:08.22.218

1:09.17.017

1:09.46.249

1:09.44.673

DNF

DNF

DNF

DNF

 

ВРЕМЕ

РАЗЛИКА

 

+07.428

+12.808

+13.983

+1:08.782

+1 Lap

+1 Lap 

 

Ваш коментар

Возачи

93

90

78

64

54

40

22

15

12

4

0

0

0

0

Конструктори

1. Ред Бул

2. Мерцедес

3. Мекларен

4. Ферари

5. Форс Индија

6. Торо Росо

7. Вилијамс

 

144

118

93

86

31

0

0

1. Тео Стојановски

2. Душко Аврамовски

3. Јасмин Идризович

4. Дарко Ристовски

5. Дарко Јовановски

6. Драган Георгиевски

7. Ѓорѓи Ристовски

8. Маџар Јанош 

9. Мартин Илиевски 

10. Игор Секуловски

11. Петар Илиев

12. Тимотеј Андоновски

13. Емилио Ајдар

14. Влатко Груевски

bottom of page