top of page

15/06/2014 - Дарко Јовановски до својата прва победа во кариерата!

За разлика од лани, каде Филип Галевски буквално згрми до победа со предност од 27 секунди, само неколку десетинки помалку од рекордот за победа со најголема разлика, водејќи речиси на сите кругови во трката, оваа година крајно неизвесна трка, во првите 12 круга барем!  

 

Иако двоецот на Мекларен Т.Стојановски и Д.Ристовски делуваа дека се во одлична форма на квалификациите кои траеа од понеделник до сабота, во трка не им појде ништо од рака! Самиот факт што двоецот на Ред Бул пак беше веднаш зад нив како да не беше доволно предупредување, Д.Ристовски пофрли на стартот, иако стартуваше со подеднакво исти гуми како и Д.Аврамовски и Д.Јовановски на потврдата компонента на гуми, падна дури и зад Ј.Идризовиќ и М.Илиевски, барем за момент! Д.Ристовски веднаш се врати, позади Д.Аврамовски кој претходно мораше да се бори со Ј.Идризовик на вториот свиок за 4тата позиција. Д.Јовановски од 4тото брилијантно се проби на второто место додека Т.Стојановски на помеката компонента на гуми го задржа водството, водство кое го задржи до крајот на деветтиот круг, дотогаш, М.Илиевски падна под Ј.Идризовик на 6тата позиција додека овој се обиде да го следи Д.Ристовски но безуспешно, квартетот составен од Мекларен два Ред Була па Мекларен раздалечени од прв до четврт на нешто помалку од 2 секунди, делуваше дека влезе во една друга трка по што сите четворица се одвоија напред со значителна разлика од преку 10 секунди. 

 

Некаде кон 7от круг Д.Аврамовски по претходно безуспешниот обид да го помине тимскиот колега Д.Јовановски во наредниот круг и втор обид започна исто на првиот свиок а успеа да го помине дури во вториот. Веднаш по поминувањето Д.Аврамовски кој инаку имаше мало оштетување при поминувањето на Ј.Идризовик на самиот старт, влезе во добар ритам по што му се доближи и го помина и лидерот Т.Стојановски. Позади Д.Ристовски и Д.Јовановски се бореа за 3то место кое Д.Јовановски одлично го бранеше.

По два три круга и двајцата се најдоа веднаш зад Т.Стојановски па Д.Јовановски при претекнувањето, одзади како да сакаше да искористи и Д.Ристовски, дојде до мал контакт помеѓу Т.Стојановски и Д.Ристовски по што Т.Стојановски загуби цели 13 секунди во боксот поради поправки.  

 

Имено после 3 трки каде Д.Аврамовски во Монако загуби на 6 круга пред крајот, во Германија во последните 3, во Монтреал при своја грешка загуби секакви шанси, овојпат се чинеше дека влезе во одличен ритам со водство од 3 секунди до крајот на 12тиот круг, но при првото менување на пневматиците Д.Аврамовски при излезот од боксовите, поради прекорачена брзина зарабоди 10 секунди казна во бокс, нервозата Д.Аврамовски не се обиде да ја скрие! Д.Јовановски круг подоцна влезе во бокс и повторно излезе на потврдата компонента во водство додека Д.Ристовски и Д.Аврамовски беа на помеките овојпат. Д.Аврамовски како второпласиран круг после првичниот пит-стоп како ги промени гумите, овојпат за одработување на казната веднаш влезе во бокс, излегувајќи како 4ти зад Т.Стојановски. 

Кога се чинеше дека Д.Ристовски повторно ке го добие Д.Аврамовски и со тоа би избил во генералниот пласман, Д.Ристовски направи кардинална грешка во истиот круг која го чинеше многу скапо! При голема брзина Д.Ристовски загуби контрола над болидот и имаше срека да не се удри со исто толку голема брзина во заштитната ограда по што мораше да поправа само неколку делови на болидот и се врати на патеката како 4ти. 

 

Напред во мегувреме, Д.Јовановски решен на 3 влегувања во бокс додека Д.Аврамовски со 4, даде се од себе за да се доближи, возејки од круг во круг побрзо со што извозе нов најбрз круг во трка едноподруго, беше недоволно да го стигне Д.Јовановски, впрочем најмалата разлика помегу нив двајца изнесуваше 12 секунди и ништо подоле од тоа, Д.Јованоски беше брилијантен и решен конечно да победи! 

 

При крајот на трката Т.Стојановски повторно по којзнае кој пат оваа сезона поради проблеми не ја заврши трката, Д.Ристовски профитираше најмногу кој изгуби само 3 поени од Д.Аврамовски во битката за титулата. Поради правилото од 75% сепак Т.Стојановски извозе доволно за да влезе во поени. 

 

На само неколку круга пред крајот Д.Аврамовски целосно го прифати поразот при што испрати инструкции да забави неговиот колега Д.Јовановски се со цел, мирно и полека да ја заврши и извојува својата прва и целосно заслужена победа, воедно тоа значеше и прва еден-два победа, не за Ред Бул, туку воопшто откако оваа година за првпат имаме битка кај конструкторите и јасна поделба кај возачите со што Ред Бул сега е на само 1 поен негатива во однос на Мекларен.

 

Интересно е да се напомене дека на интервјуто кое му беше направено на Д.Јовановски пред една недела, запрашан за неговата прва победа кога ке се случи, беше навистина мирен и рече трпеливо ке ја чека но сигурно не ни можеше да претпостави дека толку брзо ке дојде, откако веќе имаше извозено 19 трки, во својата 20та трка, или само за 1 помалку од Д.Ристовски, успева да дојде до својата прва победа! 

 

Со оваа победа Д.Јовановски опасно му се доближи на Т.Стојановски кој доколку продолжи со темпото од последните трки нема да биде чудо доколку и ја загуби третата позидија. Напред Д.Аврамовски сега е во мало водство од 5 поена пред Д.Ристовски кој има 154 поена.

 

Имено кога сме кај рекордите, Д.Јовановски сезонава е 5тиот победник или 1 повеќе од лани, што само кажува колку возачите напреднале од лани и колку се трките потешки и понеизвесни. Истотака на вечната листа на освоени поени Д.Јовановски со 20 трки како четврти со најмногу извозени, стига и на 5тото место по поени, поминувајќи го Ф.Галевски кој има извозено само 13 трки, 11 помалку од Д.Аврамовски, Д.Ристовски и Т.Стојановски кој досега беа единствените со повеќе поени од него, заедно со Ѓ.Ристовски кој има само 4 повеќе од него а 3 помалку од Д.Јовановски.  

 

1.  Дарко Јовановски

2.  Душко Аврамовски

3.  Дарко Ристовски

4.  Мартин Илиевски

5.  Тео Стојановски

6.  Јасмин Идризовик

 

7.  Никола Савевски

8.  Драган Георгиевски

9.  Марио Јаневски 

УНГАРСКО ГРАН ПРИ РЕЗУЛТАТИ од ТРКА

     ВОЗАЧ                               

1:12:22.595

 

 

 

 

 

 

ДКФ

ДКФ

ДКФ

ВРЕМЕ

РАЗЛИКА

 

+00:15.720

+00:45.547

+ 1 круг

+ 12 круга

+ 13 круга

 

 

 

КРУГОВИ

ТИМ

Ред Бул

Ред Бул

Мекларен

Форс Индија

Мекларен

Мерцедес

53/53

53/53

53/53

53/52

53/40

53/39

 

Ваш коментар

bottom of page