top of page

JOIN US

Македонски Формула 1 Шампионат - Историја

Кога новиот Сити Мол во Скопје се отвори паралелно со него се отвори и просторијата наречена Race Place или место каде можете да седнете во симулаторите и да ѓи возите најбрзите возила на најсовремените и најпознати патеки ширум светот! 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

И кога веќе беше овозможено такво нешто, тоа не може да пројде а да не се организира шампионат од најбрзиот циркус во светот наречен Формула 1. 

 

Така започна првиот Формула 1 Шампионат кој трае и ден денес иако не под капата на Race Place. 

 

Шампионатот се возеше со еднакви болиди и еднакви сетапи, секако со идентичните бои на постоечките вистински Ф1 болиди и тимови како Ред Бул, Феррари, Мекларен и останатите. 

 

За победниците на секоја трка имаше вредни награди како 2500 денари вредносен ваучер од Мотоцентар и 2000 денари ваучер за PSS и за третиот или последниот на подиум, 500 денари ваучер за Race Place кој му овозможува 5 бесплатни часови за возење. И тоа не е се! На Шампионот на крајот му се доделија 9000 денари! За вице-шампионот 6000 за третиот 4000 и така 2000 и 1000 за четвртиот и петтиот. 

 

Сезоната заврши практично со трката во Америка кога Аврамовски со неверојатно возење успеа да се избори за победа против брзиот Филип Галевски иако на почетокот со многу проблеми мораше да се избори и пројде Тимотеј Андоновски, потоа Тео Стојановски, низ бокс Коди Никола за да на крај преку бокс го прејде и Филип Галевски, вторпат во 2 трки. Аврамовски ја освои титулата на 3 трки пред крај и ја прослави во Бразил стартувајќи за првпат подоле од вториот ред така што си приреди одлична забава борејќи се на средината од колоната. Најмногу пол позиции освои Филип Галевски кој се појави на 13 квалификации а извозе 12 трки и победи на 3, додека Аврамовски се појави на сите трки и освои дури 11 подиуми 8 победи и 4 пол позиции меѓу другите рекорди е и Дарко Ристовски кој иако беше најавуван како еден од најголемите конкуренти за титулата, он успеа во стил на Кими Рајконен од сенка само да вози константно и да собира поени така што освен на првата во Шпанија, Дарко Ристовски до ден денес е единствениот кој успевал на сите трки понатака да освои поени. Повеќе околу достигнувањата можете да проверите на под-линкот од Сезони и МК Формула 1-Рекорди. Останати кои победија во 2013 се Тео Стојановски, 3 победи, Ѓорѓи Ристовски 1 победа. Кај пол-позициите Ѓорѓи Ристовски е првиот кој успеа да извојува 2 пол-позиции у низа, рекорд кој го изедначи Тео Стојановски по 2 трки а Душко Аврамовски дури после 4 или 2 месеца, за да на крај и Филип Галевски се придружи на тоа друштво. 

Втора сезона и промените во 2014

Во 2014 Ф1 Шампионатот доби нов организатор откако еден од главните луѓе во администрацијата од RacePlace премина во ново-отворениот RaceCenter.

 

RaceCenter е опремен со 10 симулатори (подолу слики) кои се малце поинаку дизајнирани од оние ланските. Малце повисоко поставени и направени со подесување на должина и висина на педалите воланот и самото седиште нудат одличен комфорт за било какво тело. 

 

Воланите како и лани се Logitech G27 со Sparco седишта и FullHD TV кои овојпат се поголеми! 

 

Во 2014 сепак, спонзори на почетокот не беа најдени и све продолжува поради страста кон сим-тркањето која ја покажаа сите учесници од претходната сезона и желбата да самиот МК Формула 1 Шампионат прерасне во нешто традиционално секоја година. Возачите оваа година нема да плаќаат додатни 100 денари партиципација, на крај сепак пехар ке се додели за шампионот но и кај конструкторскиот тим кој ке ја освои титулата. 

 

За разлика од претходната овојпат не се дозволени никакви помагала воопшто, трките траат 75% и за време на трка се дозволени само 1 сет на гуми, а не како лани, 4 сета на гуми, и оваа година тие како и во реалноста на Ф1 се Prime & Option кои морат барем еднаш да бидат искористени за време на трката. 

 

22.04.2014 - Во моментов се разгледуваат можностите за официјална веб-страна со сопствен уникатен домеин како и livestream опција за следење на трките преку интернет со коментатор се подразбира, како и нови спонзори и ширење на лигата односно учество на поголем број нови возачи.

bottom of page