top of page

30/05/2014 - Дарко Ристовски втора победа во низа!

Во Петок во 16 часот започна трката за Големата Награда на Германија во Хокенхајм. 

 

Лани се возеше во Ниргбургринг и таму пол позицијата ја освои Душко Аврамовски а победи Тео Стојановски, овојпат тој стартуваше од пол позицијата а Душко Аврамовски од 3тото место за првпат сезонава односно вториот ред. 

 

На стартот беше видна разликата во стратегијата кај возачите, Тео Стојановски, Драган Георгиевски, Јасмин Идризовиќ, Мартин Илиевски, Марио Јаневски и Дарко Јовановски сите стартуваа со супермеките гуми, суперсофт, додека Душко Аврамовски и Дарко Ристовски беа единствените двајца кои стартуваа на потврдата компонента или гумите медиум. Тоа значеше дека Дарко Ристовски и Душко Аврамовски на стартот би загубиле неколку места но истите би ѓи надополниле откако сите ќе менуваат гуми 4-5 круга порано, тоа не се случи. 

 

На самиот старт Тео Стојановски го задржа водството, Драган Георгиевски истотака додека пак Јасмин Идризовиќ како катапулт го прејде Душко Аврамовски и се најде на третото место, за да го загуби по само еден свиок, секако, Душко Аврамовски го врати назад загубеното. Позади, Дарко Ристовски ја задржа позицијата како и Дарко Јовановски. Марио Јаневски беше одличен како и Мартин Илиевски. 

 

Во првиот круг не се случи некоја драстична промена, во вториот круг Душко Аврамовски на изненадување на останатите се залепи до Драган Георгиевски на вториот свиок и нападна на третиот, на четвртиот Драган се одбрани и се одново наредниот круг, но во вториот обид Душко Аврамовски беше поуспешен. 

 

Првите 5 круга пројдоа а Душко Аврамовски веќе беше залепен зад Тео Стојановски обидувајќи се да го прејде на неколку места се додека не направи грешка и излета на брзиот 6ти свиок веднаш после вториот сектор, така што во позадина Драган Георгиевски, Јасмин Идризовиќ и Дарко Ристовски го пројдоа. Наназад сеуште беше Дарко Јовановски кој се бореше со Мартин Илиевски на неколку места од патеката додека Марио Јаневски ги следеше во чекор, колку можеше, сепак тоа беше само втора трка за него. 

 

До првиот пит стоп кога Тео Стојановски ѓи посети механичарите, Душко Аврамовски веќе го имаше по вторпат стигнато Јасмин Идризовиќ и бидејќи навистина притискаше да го надополни изгубеното на претпазлив и агресивен начин го прејде во првиот обид по што следеше бркање по Драган Георгиевски, го прејде и него па потоа почна да ја намалува разликата на Дарко Ристовски која изнесуваше нешто повеќе од 7 секунди. 

 

Драган Георгиевски на моменти почна да му се доближува на Душко Аврамовски, околу 11тиот 12тиот круг на гумите суперсофт, што значеше фантастично возење од страна и менаџирање на гумите, сите останати кои тргнаа со истите гуми веќе 2 круга претходно ѓи посетија механичарите. 

 

Напред не се измени многу, Дарко Ристовски по боксовите остана во водство а веднаш зад беше Тео Стојановски додека Душко Аврамовски беше трет кој започна драстично да ја намалува разликата бидејќи за разлика од Дарко Ристовски кој продолжи на медиум гумите овој беше на суперсофт, па Тео Стојановски беше претекнат по само 1 круг без речиси никаква борба а Дарко Ристовски беше стигнат и престигнат после 5 круга. На најспориот свиок на патеката Хокенхајм после еден од најголемите правци во Формула 1, Душко Аврамовски во вториот обид ја завзема внатрешната страна и го прејде Дарко Ристовски по што следеше одвојување на 3 секунди напред и вториот бокс. Дарко Ристовски продолжи на медиум уште 5 круга додека Душко Аврамовски со новите гуми медиум овој пат, во третиот стинт, повторно почна да намалува предност и разликата која изнесуваше 14 секунди падна на само 6 кога Дарко Ристовски искочи на суперсофт гуми во својот трет стинт и 10 секунди позади Душко Аврамовски, и до крајот на стинтот кој го возеше Душко Аврамовски доколку Дарко Ристовски сакаше да има шанси за победа мораше да го стигне и прејде, но тоа не се случи. Иако Дарко Ристовски во обратна ситуација со суперсофт наспроти медиумот на Душко Аврамовски, успеа да дојде до разлика од 3 секунди, истата Душко Аврамовски, како се абеа гумите на Дарко Ристовски ја зголеми на 6 и влегоа во бокс за последен пат на 10 круга пред крајот, двајцата на суперсофт во трка до крајот. По боксовите разликата опадна за 2 секунди, односно само 3. 

 

Позади Тео Стојановски 4 круга претходно имаше проблем при влегувањето во боксот, поради драстично истрошени гуми дојде до коализија помеѓу него и Драган Георгиевски по што Тео Стојановски немаше друго решение освен да го паркира својот болид на 100м од гаражата на Мекларен. Тоа значеше голем удар за Тео Стојановски бидејќи значеше дека за разлика од лани овојпат ќе си замине без поени. Нешто слични паметите лани му се случи на Душко Аврамовски, само во тој случај тој самиот беше крив истотака по обид да влезе во бокс, давајќи наредба изгуби контрола и удри во бариерите непосредно пред гаражата по што видно нервозен го напушти симулаторот. 

 

Дарко Јовановски со многу проблеми во битките со Драган Георгиевски значеа на крај недоволно за да избие на 4тото место во битката за конструкторите. 

 

На 6 круга до крајот Душко Аврамовски несвојствено за него подлегна на притисокот и на најмалото внимание излета од патеката повторно во третиот сектор. Бидејќи тротоарите се многу високи тоа значеше дека Душко Аврамовски беше исфрлен длабоко во аут-зоната по што загуби цели 9 секунди. Имаше 3.4 секунди предност се врати со 7.2 а до крајот не успеа да се доближи повеке од +5 секунди. 

 

Со оваа победа Дарко Ристовски, после 21 трка во исчекување за својата прва, навистина долго очекувана победа, сега дојде до својата втора во низа со што се приклучи на Филип Галевски и Душко Аврамовски кои засега се единствените со по 2 победи во низа, меѓу кои Душко Аврамовски има и 3 во низа. Во својата 22ра трка Дарко Ристовски стигна до својата втора победа со што изби на 4тото место на вечната листа на победници, каде прв е Аврамовски со 10, Стојановски со 5, Галевски со 4, тоа се и единствените пред него додека позади него се неговиот постар брат Ѓорѓи Ристовски кој има извозено само 17 трки и сеуште се чека на негово враќање, он имаше една фантастична трка и подиум во Бахреин и најмладиот победник во историјата на МК Ф1, Јасмин Идризовиќ. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Резултати од трката подоле. 

1.  Дарко Ристовски

2.  Душко Аврамовски

3.  Јасмин Идризовиќ

4. Драган Георгиевски

5. Дарко Јовановски

6. Мартин Илиевски

7. Марио Јаневски

8. Тео Стојановски

Резултати од ГН на Германија - Хокенхајм

     ВОЗАЧ                               

1:05:50.256

1:05:57.185

1:06:21.064

1:06:56.521

1:06:58.075

1:06:12.062

Инцидент

ДКФ

 

 

ВРЕМЕ

РАЗЛИКА

 

+00:06.929

+00:30.808

+01:06.265

+01:07.819

+3 круга

+ ----------

+ ----------

 

КРУГОВИ

ТИМ

Мекларен

Ред Бул

Мерцедес

Мерцедес

Ред Бул

Форс Индија

Заубер

Мекларен

50/50

50/50

50/50

50/50

50/50

47/50

46/50

34/50

Ваш коментар

Табела Возачи

126

114

105

103

79

52

22

20

15

6

4

0

0

0

0

Табела Конструктори

1. Ред Бул

2. Мерцедес

3. Мекларен

4. Ферари

5. Форс Индија

6. Заубер

 

144

118

93

86

31

6

 

1. Душко Аврамовски

2. Дарко Ристовски

3. Јасмин Идризовиќ

4. Тео Стојановски

5. Дарко Јовановски

6. Драган Георгиевски

7. Ѓорѓи Ристовски

8. Мартин Илиевски

9. Маџар Јанош

10. Марио Јаневски

11. Игор Секуловски

12. Петар Илиев

13. Тимотеј Андоновски

14. Емилио Ајдар

15. Влатко Груевски

bottom of page