top of page

20/04/2014 - Душко Аврамовски повторно на пол-позиција!

Душко Аврамовски продолжува со доминацијата во квалификациите! 

 

Душко Аврамовски го подобрува ново-поставениот рекорд од 3 пол позиции во низа на 4!

 

Веќе на две трки едно-подруго како тимот на Ред Бул ѓи окупира првите две стартни позиции или првиот ред. 

Досега Аврамовски немаше среќа со стартовите, правејќи гужва во Австралија и Бахраин, со исклучок на Малезија се очекува во Кина Аврамовски да ја прекине таа лоша серија. 

 

Ова е еден фантастичен рекорд, четири пол позиции во низа само кажува за доминацијата на Аврамовски кога станува збор за најбрзо време во еден круг.  Моментално тој е на врвот на оваа листа со 8 пол-позиции втор е Филип Галевски кој има 5 па следува Тео Стојановски со 3 и Ѓорѓи Ристовски со 2.

 

Еден интересен податок: 

Аврамовски во првите 4 трки оваа година има еднаков број пол-позиции како лани во сите 15 трки. Имено лани Аврамовски освои само 4 пати пол позиција, истата му избега за мнимална разлика дури во 6 наврати и стартуваше од првиот ред фантастични 11 трки додека на 3 трки стартуваше од вториот ред а во Бразил за првпат стартуваше подоле од 3то место. 

 

Битно е да се напомене дека Дарко Јовановски беше многу блиску до својата прва пол позиција во кариерата, истото важи и за оваа трка во Кина но во двата наврати ја загуби.

Дарко Јовановски годинава е во фантастична форма на квалификациите!   

Ваш коментар

bottom of page