top of page

30/04/2014 - Јасмин Идризовиќ со победа во Малезија станува најмлад победник ! 

Малкумина очекуваа ваков развој на настаните но се случи! Се случи и тоа да Јасмин Идризовиќ го направи тоа што на Дарко Ристовски не му поаѓа од рака веќе 19 трки! Јасмин со победата во Малезија денеска стана најмладиот победник во МК Ф1 Шампионатот откако успеа со фантастично возење и контрола, без ниту една грешка да стигне до победата! 

 

Досега најуспешниот возач кој што не учествувал на првата трка односно се приклучил подоцна, беше Дарко Јовановски кој успеа во Сингапур да се искачи на подиумот. Сега Јасмин Идризовиќ сето тоа го носи на едно друго ниво победувајќи на својата втора трка воопшто! Тоа не му појде одрака ниту на Ѓорѓи Ристовски ниту на Филип Галевски или Тео Стојановски, или Коди Никола пак. 

 

Трката започна така што Јасмин на самиот старт изби напред заедно со Тео Стојановски оставајќи го Душко Аврамовски во борба за трето со Дарко Јовановски. Назад беа браќата Ристовски кои следеа све во чекор. 

 

По само неколку круга Тео Стојановски на свиокот број 3 направи кардинална грешка при што се опрости од подиумот. Извртувајќи се го поминаа 4 возачи, најпрвин Јасмин, потоа следеше дуото Аврамовски и Јовановски па и Драган Георгиевски. 

 

Јасмин во првиот стинт возејќи на побрзите гуми, за разлика од дуото на Ред Бул кои беа на потврдата компонента, успеа да се извлече напред на 7 - 8 секунди за да таа разлика потоне во само 2-ипол круга! Јасмин во бокс, двата Ред Була продолжија со трката осамени напред. По 3 круга Јовановски го повлече првиот потег менувајќи ги гумите, Аврамовски во наредниот. 

 

По првото менување на гуми, Јасмин беше во предност со 10 секунди, Јовановски втор а Аврамовски позади со заостанување од 17 во однос на Јасмин. 

 

До вториот ПИТ-СТОП Аврамовски успеа да се доближи на само 2 секунди до Јовановски и тогаш двајцата влегоа во бокс истовремено, без никаква загуба само што излезе Јовановски влезе Аврамовски! Прекрасно одработено во Ред Бул! 

 

Јасмин повторно беше во водство но разликата беше се помала и помала! Дојде време за последно влегување во бокс. Јовановски и Аврамовски повторно беа еден зад друг, иако на момент Јовановски избега со +7 секунди повторно, откако Аврамовски прозлига на последниот свиок пред стартно целната рамнина. Аврамовски беше побрз во завршетокот, но далеку од константоста која Јовановски ја поседуваше. Јасмин, безгрешен. Овојпат повторно недоразбирања придонесоа и двајцата да влезат во бокс истовремено при што Аврамовски речиси ги загуби сите шанси за второ место, победата ке му припаднеше на Јовановски. 

 

Јасмин рутинирано извозе до крај и со 5 секунди предност ја извојува својата прва победа во кариерата! 

Ваш коментар

bottom of page