top of page

20/04/2014 - Нов рекорд зад Аврамовски

Во првата сезона Душко Аврамовски започна со пол позиција и истата не ја виде наредни 5 месеци! Иако беше многупати блиску до неа, Аврамовски успеа да оствари само 4 пол позиции во целата сезона, доцна поминат од Филип Галевски со 5 кој до трката во Австралија го држеше рекордот со најмногу пол позиции, сега во сопственост на Аврамовски. 

 

Но тој рекорд беше изедначен тогаш, сега, во Бахраин Аврамовски е првиот кој стига на 3 пол позиции во низа! 

Првпат Ѓорѓи Ристовски искочи на пол позиција во Монако за само -0.006 од неговиот брат Дарко Ристовски па потоа и во Канада за да потоа Тео Стојановски дојде со 2 пол позиции во низа. Душко Аврамовски чекаше се до трката во Германија за да стигне до својата втора пол позиција во кариерата изедначувајќи се со Ѓорѓи Ристовски и Тео Стојановски. 

Успевајќи да освои уште една потоа Аврамовски стана трет возач кој успеал да освои 2 пол позиции во низа. На крајот од шампионатот во истото успеа и Филип Галевски со што ја оствари и неговата последна петта пол позиција. 

 

Најблиската борба за пол позиција се водеше лани за големата награда на Абу Даби кога Филип Галевски ја освои за само -0.004 пред Аврамовски и со тоа го потиснаа рекордот на браќата поставен месеци претходно во Монако.  

 

Оваа сезона Аврамовски го крена сето тоа на ниво погоре, освојуваќи 3 пол позиции во низа. Сепак, Аврамовски е далеку од успехот што го остварува во квалификациите, во трка. Досега исто колку што има стартувано од пол позиција исто толку пати Аврамовски ја има загубено веднаш по самиот старт. 

 

По квалификациите Аврамовски кажа дека би ги заменил сите пол позиции за само една победа. 

Ваш коментар

bottom of page