top of page

22/06/2014 - Дарко Јовановски до својата втора победа едно-по-друго!

Трката за Големата Награда на Австрија ја добива Дарко Јовановски! 

 

По само една недела откако победи во Унгарија Дарко Јовановски ја освои пол позицијата и втората победа во кариерата со хет-трик!

Пред само неколку недели имаше интервју и тогаш се чинеше дека првата победа ќе ја чека подолго, но се случи се многу брзо па веќе дојде и до втората! 

 

Трката започна во најдобар можен ред за двоецот на Ред Бул иако загубија 2 позиции на самиот старт двајцата веднаш за кратко време успеаа да ги минат и Тео Стојановски и Дарко Ристовски избивајќи напред со голема предност. Нешто се чинеше дека не е во ред со тимот на Мекларен, но не заостануваа само они, заостануваа и Мерцедесот на Драган Георгиевски кој беше единствен да ги брани боите на својот тим. Позади останатите беа премногу далеку. 

 

Кон средината на трката Душко Аврамовски после неколкуте грешки и неможејќи да се доближи до својот тимски колега во една битка со времето, изгуби контрола при влегувањето во боксовите што победата веќе повеќе од сигурно беше дека ке оди во рацете на Дарко Јовановски. 

 

Дарко Јовановски иако победи со нешто повеке од 1 секунда пред Душко Аврамовски, тој водеше напред со 12 секунди предност а во последните 3 круга возеше колку да довози што би се рекло, имаше солидна предност пред ланскиот шампион. 

 

Кон крајот Тео Стојановски се откажа од битката и го препушти третото место на Дарко Ристовски, повторно како и во Унгарија. 

 

На подиумот се искачија Дарко Јовановски, Душко Аврамовски за 1-2 на Ред Бул и Дарко Јовановски на третото место со што Душко Аврамовски ја зголеми разликата од 6 поена на 9. 

 

Подоле Дарко Јовановски изби на третото место поминувајќи го Тео Стојановски. 

 

Откако сите сим-возачи ги отстапија симулаторите и т.н.р. разговор почна за тоа што и како се случувало со секој од нив за време на трката, Тео Стојановски од тимот на Мекларен дозна дека тимот на Ред Бул впрочем настапил на оваа трка со значително помалку гориво кое што ја објаснува разликата и брзината која Ред Бул ја имаше во трката. Тоа допринесе да се вжешти атмосферата на средината од шампионатот. Тео Стојановски беше видно вознемирен но тоа е тоа. Сим-возачите се таму да се борат едни против други, за делови од секундата. Кој од кој подобар, најмалите разлики се за нив огромни. Се работи за титулата во Ф1 или најголемото достигнување во сим-светот во државава. 

 

 

1.  Дарко Јовановски

2.  Душко Аврамовски

3.  Дарко Ристовски

4.  Драган Георгиевски

5.  Тео Стојановски

6.  Тони Африка

7.  Мартин Илиевски

8.  Игор Секуловски

9.  Никола Савевски

10. Петар Илиев

Резултати трка Австрија

     ВОЗАЧ                               

1:03:01.038

ВРЕМЕ

РАЗЛИКА

 

+0.914

+52.770

+1 Lap

+1 Lap

+1 Lap

+1 Lap

+1 Lap

 

 

 

КРУГОВИ

ТИМ

Ред Бул

Ред Бул

Мекларен

Мерцедес

Мекларен

Ферари

Форс Индија

Форс Индија

Заубер

Торо Росо

54/54

54/54

54/54

53/54

53/54

53/54

53/54

53/54

53/54

 

Ваш коментар

bottom of page