top of page

10/05/2014 - Аврамовски повторно на пол позиција и повторно во Шпанија 

Дојде шпанското гран при каде што се започна пред точно една година, поточно на 11ти Мај 2013 беа возени првите квалификациски сесии. 

 

Тогаш пол позиција освои Аврамовски и година подоцна, сега Аврамовски одново успева во тоа. 

 

Долго време на провизорната пол позиција беше Дарко Јовановски со време од 1.17.463 кој всушност беше и меѓу првите кои поставија време. Нешто подоцна Аврамовски изби на чело со 1.17.054 додека Тео Стојановски беше само за +0.300 на второ место избивајќи го Јовановски на трето место. После нив следеше на Маџар Јанош кој оваа трка ке вози заменувајќи го Мартин Илиевски кој ќе ја пропушти оваа трка. Тој извозе 1.16.970 и беше првиот кој се симна под границата 1 минута и 17 секунди. Кога се сметаше дека се е завршено во последен момент Тео Стојановски изби на чело со уште побрз круг возејќи 1.16.883. Аврамовски на 30 минути од истекот на негово време кое ќе беше и финално за овие квалификации сега се наоѓаше дури трет! Дарко Ристовски во мегувреме го потисна Јовановски на 5то место, возејќи 1.17.228. 

Во отсуство на Ѓорѓи Ристовски, Мартин Илиевски, Тимотеј Андоновски и Петар Илиев патеката во последните моменти изгледаше полна иако имаше само 6 болида на неа, кои постојано пробуваа да го подобрат своето време за неколку стотинки. 

Тогаш Душко Аврамовски со одличен круг изби на провизорната пол позиција со време од 1.16.878 и само за -0.005 побрз од времето на Тео Стојановски! Во мегувреме додека другите се обидуваа да го бутнат новото поставено време Душко Аврамовски отиде уште побрзо возејќи 1.16.775! Тео Стојановски, Маџар Јанош беа единствените кои беа блиску до времето на Аврамовски, и кога се очекуваше некој од нив двајца во секој момент да го потисне, Аврамовски отиде уште подоле, возејќи дури 1.16.575 , цела секунда побрз од Јасмин Идризич, кој е победник на една трка и е втор во генералниот пласман и важи за еден голем талент и конкурент на патеката. Тој се квалификува како 6ти. По ова време на Аврамовски битката за пол позиција престана.

 

ПОВЕЌЕ ИНФО 

 

Аврамовски ја освои петтата последователна пол позиција или веќе за 1 повеќе од лани во 15 трки, остварувајќи неверојатен рекорд кој тешко ќе биде соборен. Сега Аврамовски има дури 9 пол позиции од 20 трки или поточно 0.45% од трките, втор е Филип Галевски кој има 0.38% со 5 пол позиции од 13 трки и трет Тео Стојановски со 0.15% или само 3 пол позии од 20 трки. 

 

Аврамовски истотака е и прв кој има освоено пол позиција во низа на една патека година по година. Но дали ќе победи, тоа останува да се види утре. 

 

НОВОСТИ

 

Марио Јаневски го забележа своето деби и успеа да се квалификува на високо 8мо во отсуство на Ѓорѓи Ристовски и Петар Илиев. 

 

МК Формула 1 шампионатот го очекува и талентираниот Никола Трајковски кој веќе направи неколку тестови и се очекува да ѓи извози првите квалификации. Со тоа шампионатот ќе добие двајца нови талентирани возачи кои битката за во ТОП 10 ке ја направат уште поинтересна а со тоа и квалитетот ќе биде многу поголем! 

 

Во иднина се предвидени livestream опции. 

Пол позиции во низа

 

Душко Аврамовски  

 

Ѓорѓи Ристовски

Тео Стојановски

Филип Галевски   

2

5

1. Душко Аврамовски         2. Тео Стојановски

3. Маџар Јанош

4. Дарко Ристовски

5. Дарко Јовановски

6. Јасмин Идризович

7. Мартин Илиевски

8. Марио Јаневски

9. Драган Георгиевски

Квалификации - Шпанија

     ВОЗАЧ                               

1.16.575

1.16.883

1.16.900

1.17.228

1.17.463

1.17.567

1.18.540

1.19.417

1.19.597

 

ВРЕМЕ

КРУГОВИ

124

144

79

82

77

148

75

47

36

 

Ваш коментар

Возачи

75

70

65

52

44

34

22

12

4

0

0

0

0

Конструктори

1. Ред Бул

2. Мерцедес

3. Мекларен

4. Ферари

5. Форс Индија

6. Торо Росо

7. Вилијамс

 

109

105

75

74

16

0

0

1. Тео Стојановски

2. Јасмин Идризович

3. Душко Аврамовски

4. Дарко Ристовски

5. Дарко Јовановски

6. Драган Георгиевски

7. Ѓорѓи Ристовски

8. Мартин Илиевски

9. Игор Секуловски

10. Петар Илиев

11. Тимотеј Андоновски

12. Емилио Ајдар

13. Влатко Груевски

bottom of page