top of page

04.06.2014 - Интервју со возачот на Ред Бул, Дарко Јовановски

За сајтот на МК Ф1 денес направивме едно кратко интервју со возачот на Ред Бул, Дарко Јовановски. 

 

Имено Дарко Јовановски се приклучи лани на трката во Италија каде го освои 8мото место а 3 трки подоцна и првиот подиум во Кореа. Ја заврши сезоната како 8мо пласиран со 72 поена каде на претпоследната трка заврши 10ти а последната трка во Спа и не ја заврши поради проблеми со симулаторот. Иако сезоната ја заврши на лош начин во 2014 Дарко Јовановски е друг возач. Тој премина во тимот на Ред Бул и веќе има освоено 3 подиуми, 84 поена и 1 најбрз круг во 7 трки што говори доволно за напредокот и промената од лани до ден денес. 

 

МКФ1: Дарко, добровечер и фала за Вашето време и присуство

ДЈ: Добровечер и во секое време! 

 

МКФ1: Лани се приклучивте за петтата трката или Големата Награда на Италија во Монца. Навистина брза и доста тешка патека. Кои беа Вашите очекувања? 

ДЈ: Кои беа моите очекувања? Дефинитивно да ја завршам трката, сосема доволно! 

 

МКФ1: Вие и успеавте во тоа нели? Завршивте на 8мото место и освоивте на Вашето деби први 4 поена. Што може да ни кажете за конкуренцијата на таа трка конкретно? 

ДЈ: Па да, за моја среќа. Имено за конкуренцијата, најголема конкуренција ми беше единствено мојот тимски колега Александар Стефановски кој истотака ја возеше првата трка. Другите беа далеку напред од моите можности во моментот.

 

МКФ1: Сезоната ја започнавте солидно. Се искачивте на подиумот по само 3 трки или конкретно на Вашата 4та во Кореа, за разлика од финишот на сезоната. Како се чувствувавте? Дали тоа беше Вашиот максимум или мислевте дека можете и повеке, дали очекувавте воопшто такво нешто?

ДЈ: Па искрено кон крајот се разочарав, но што е тука е. Со оглед на тоа дека остварив подиум на 4тата трка веќе поставив нова цел а тоа беше победа на трка и притискав силно од трка во трка за да дојдам до неа но секојпат нешто поинаку од планираното ќе се случеше. Проблеми со стратегијата, непосакувани контакти со конкуренцијата, кратки излетувања при притискање од круг во круг, сето тоа комбинирано беше недоволно за дојдам до победа. Сепак во овој шампионат и виртуелна симулација на најбрзиот мод - Ф1 - кој бара огромна концентрација, мали невниманија и најмали детали можат да бидат фатални. 

 

МКФ1: Кон крајот на сезоната имавте мал инцидент со Мартин Илиевски на патеката, во тоа време нов учесник и дебитант, по што можеше да се види дека бевте навистина нервозен. Што може да прокоментирате за тие моменти? 

ДЈ: "It's racing!" .... нестрпливо ја чекам секоја трка и се припремам максимално, сетапот на самиот волан и самиот болид па и стратегијата, треба да се внимава на сите детали, и тогаш кога сето тоа ќе се уништи поради мало невнимание на некој друг а најдебелиот крај го извлекувате Вие, најверојатно сфаќате зашто сум изреагирал така. Во секој случај тоа е минато и се е сега во најдобар ред  

 

МКФ1: Сезоната ја завршивте на 8мо место со 72 поена од 11 трки. Како за споредба оваа година имате со само 7 трки веќе 84 поена и се рангирате како 4ти, со дури 3 подиуми од кои едно второ место. На што се должи овој голем скок во Вашата форма? 

ДЈ: Како и за се друго, со напорна работа. Се разбира се доаѓа од мотивацијата да секој ден бидам се подобар и подобар но најдоброто од мене допрва доаѓа! 

 

МКФ1: Оваа сезона премина од тимот на Торо Росо во тимот на Ред Бул да му правите друштво на шампионот од лани. Дали тоа Ве мотивира повеќе да покажете што знаете и умеете во идентичниот болид? 

ДЈ: Секако! Предизвик повеќе. Затоа сме тука, да се докажуваме еден на друг. Се разбира и добивам совети од него за секоја трка и се трудиме во моментов да ја освоиме титулата кај конструкторите! Не смееме да загубиме иначе треба кафана да частиме, таква е кладбата! (се смее)

 

МКФ1: Вашиот тимски колега на првите 6 трки освои 6 пати пол позиција а во 3 наврати Вие бевте веднаш до него во првиот ред од кои 2 пати стартот беше кобен за Вас. Контактот кој го имавте со него, што случајно, што по негова вина но никако Ваша, па Ви се извини, дали имате коментар за тоа?

ДЈ: Немам никаков коментар. Такви работи се случуваат и мора да ѓи прифатиме истотака да ја научиме лекцијата и да спречиме истото да се случи повторно. Тоа е суштината. Во секој случај, што се случило се случило идеме понатаму.  

 

МКФ1: Во Австралија иако Душко заврши на третото место, се чинеше дека сте доста побрзи од него на некои моменти. Најверојатно различна стратегија. Но што се случи во Малезија кога долго време бевте зад него а се чинеше дека бевте доста побрзи. Дали имаше таму некакви тимски наредби? Имавте и многу проблеми во боксовите. 
ДЈ: Немаше никакви тимски наредби во текот на трката. Размислував за тоа додека бев зад него и решив да не брзам и дека моето време ќе дојде, тоа и се случи нели? Завршив втор. Сепак шампионатот е долг! 

 

МКФ1: Оваа година освоивте 3 подиуми, дали тоа ѓи надмина Вашите очекувања во првите 7 трки или се надевавте на повеќе? 

ДЈ: Да бидам искрен, се надевав на победа досега. Но што е тоа е, одиме понатака кон првата победа. 

 

МКФ1: Сте се надевале но тоа не се случи сеуште. Јасмин Идризовиќ кој е новајлија оваа сезона победи баш пред Вас во Малезија која беше негова втора трка, со што стана најмлад победник и најуспешен дебитант, поминувајќи Ве токму Вас. Дарко Ристовски од друга страна кој завршува 21 трка по ред во поени и е единствениот со таков учинок, иако важеше за голем конкурент лани, сепак својата прва победа ја забележа пред 2 недели а веќе и втората ја освои претходниов викенд во Германија, на 21вата и 22рата трка. Вие сте пред Вашата 18та трка. Дали тоа Ви ствара некаков притисок? 

ДЈ: Воопшто никаков притисок! 

 

МКФ1: Ако би морале да бирате по редослед, ТОП3 возачи од почетокот лани па до ден денес, кои би биле тие и зошто?

ДЈ. Душко, Тео и Дарко. Пред се поради искуството, возат доста подолго време од мене. 

 

МКФ1: Каде се гледате на крајот од шампионатот?

ДЈ: Мислам дека најреално би било 4тото место но со мала среќа би можел да бидам во борба за 3тото, со некој од возачите на Мекларен.  

 

МКФ1: Од 1 до 10, како ќе ја оцените тежината на управувањето со оваа Формула 1 симулација земајќи ја впредвид и конкуренцијата. Или колку еден возач треба да има знаење за да може да се натпреварува со, на пример, првите 5 ? 

ДЈ: Дефинитивно 10 од 10. Треба талент и треба страшна концентрација. Разликите за пол позиција знаат да бидат, +/- 0.004 што да се каже повеќе? За предизвикување на водечките 5, повторно 10 од 10. 

 

 

МКФ1: Дарко фала уште еднаш за Вашето време! 

ДЈ: Ми беше задоволство! 

 

 

Тоа е Дарко Јовановски, возачот на Ред Бул од Македонскиот Виртуелн Формула 1 Шампионат. 

Статистика

Трки: 17 (дели 5то место со Ѓорѓи Ристовски)  

Подиуми: 4 

Пол-позиции: 0 

Победи: 0 

Најбрзи кругови: 2 

Поени: 156 (2013 - 72, 2014 - 84) 

 

 

 

Ваш коментар

bottom of page