top of page

Досега бевме сведоци на 22 неверојатни трки. Секоја уникатна на свој начин. Сведоци на 22 борби за пол-позиција. Во двојна битка со конкурентите и штоперицата, секој викенд паралелно со вистинскиот календар на Ф1. Бевме сведоци на крунисување на првиот шампион лани, частење и радост! 

Имаше и многу големи и вредни награди но тоа не е се!  Најбитно од се е натпреварувачкиот дух кој создава одлична забава а одличното дружење и понатаму опстојува! Запознавање нови луѓе и уживање во најдобрата лига со најдобрите возачи во државата! 

 

Приклучи се и ти! 

Follow us
onFacebook
  • https://www.facebook.com/wix

Што претставува МК Формула 1 ? 

 

 

МК Формула 1 претставува професионално организирана лига од страна најпрво на RacePlace а сега од RaceCenter кој се наоѓа во ТЦ Бисер. 

 

Овој Формула 1 шампионат претставува натпреварување на возачи преку симулатори на платформа од "rFactor" кој претставува еден од најдобрите симулатори во светот. 

 

Шампионатот се одвива така што сите возачи добиваат еднаков болид и еднаков сетап така што не е овозможено никакво подесување на болидот и единствената разлика во возењето е направена од страна на возачот. 

 

Во првиот Шампионат се доделија големи награди, како 9000 денари за Шампионот или освојувачот на титулата. Вице-шампионот доби 6000, третиот 4000, четвртиот 3000 и петтиот 1000 денари парична награда. И тоа не е се. При секоја победа за првите три места имаше награда - 2500 денари ваучер за Мотоцентар, 2000 денари ваучер за ПСС и 500 денари за третиот бесплатно возење во RacePlace. 

 

Овојпат во втората Формула 1 сезона на крајот ке се доделува пехар за Шампионот кај возачите и кај конструкторите.

Како да се приклучам на Формула 1 Шампионатот? 

Како и за се друго, одредени работи имаат свои позитивни и негативни страни. Да започнеме со негативните! 

- За да се приклучите на Формула 1 Шампионатот мора да возите директно од RaceCenter во одредено време (според календарот на вистинската Формула 1) од RaceCenter во неделата. За учество, за разлика од лани овојпат не се плаќа партиципација од 100 денари, туку веднаш со 100 денари можете да седнете и да возите. Значи, морате да одите до ТЦ Бисер и да возите од RaceCenter. Друго што мора да направите за да учествувате на една трка е да бидете во најбрзите 10 или ТОП10. Бидејќи има само 10 симулатори има само и 10 места. Оттаму доколку вие потрошите 500 денари и не сте во ТОП10 за само +0.001 од времето на десеттиот Вие не сте во трка! (Доколку некој од пласираните не се појави Вие можете да го завземете неговото место!) 

 

Сега малце позитивните ствари! 

- Иако се бара мало внимание, малце труд и давање по 200 денари во време од 2 викенда (некогаш и 3, што се ништо реално!) доаѓање (возење, пешачење) до RaceCenter, овој Формула 1 Шампионат ќе Ви овозможи како на ниту едно друго место на планетава, не во Македонија само, организиран Формула 1 Шампионат со LAN конекција или минимален лаг што дозволува прецизни битки со останатите на патеката, што причинува големо задоволство и уживање, искуство какво што веруваме не сте имале и освен на картинг на друго место овде не би можеле да го добиете. 

Што значи "симулација" или сим-тркање ? 

Сим (симулација) тркање е колективен поим за компјутерски софтвер (т.е. симулација на возило) која што овозможува точно симулирање на трка (видео игра) со комплетно реални параметри од реалноста како, трошење гориво, оштета, грип на гуми, трошење и абење на гумите, сетирање суспензија и се останато. За да се биде успешен во сим-тркањето, еден возач МОРА да ѓи разбира сите аспекти на контролирање на едно возило, кое што во реалноста е толку тешко, како уметност во кочење, како да се одржува контрола врз колата кога истата почнува да ѓи троши гумите и да има се послаб и послаб контакт со подлогата/асфалтот, како правилно да влезе и излезе низ свиок без да ја оштети брзината, да научи и како воздухот влијае кога се наоѓате позади друго возило, на правец или во свиок, да ја научи важноста на аеродинамиката. Ова ниво на тешкотии и комплексност е она што симулациите ѓи издигнува над обичните игри, или аркади, кои што претставуваат обични игри каде што вистинските параметри се тотално изместени од оние во реалноста и единстевната причина за нивното постоење е да создатат чуство на брзина но не и на реалност.

 

Што се промени во 2014 ? 

Ако во 2013 и RacePlace Ф1 Шампионатот дозволуваше помагала како Traction Control, ABS и Anti-Lock-Brakes оваа 2014 сезона во Ф1 Шампионатот не се дозволени никакви помагала. Нема ABS, нема електронски помагала за тракција на задните тркала нема системи против пролизгувања. Менуелно менување брзини, кочење и забрзување се подразбира! 

 

Во 2014 не се променија регулативите туку и самите правила! Така, оваа година трката наместо 50% се вози 75%. Наместо болидите да тргнуваат празни сега како и во вистинската формула 1 болидите ке бидат исполнети со гориво за до самиот крај без можност за долевање. Тоа ја отежнува работата на возачите бидејќи сега не само на гумите ке мора да го контролираат и менаџираат горивото. 

 

Гумите пак, тие се дозволени во 2 сета за секоја трка. За разлика од лани каде секој возач имаше слободен избор помеѓу 4 пакета на гуми со по 2 сета, сега има само 1 пакет избран од организаторите на Ф1 Шампионатот со 2 сета на гуми кои мораат да се користат во трка. Доколку некој од возачите не го искористи едниот сет на пневматици тој е дисквалификуван од трката. Тој избор на гуми во вистинската Ф1 се нарекува - Primes & Option или помека и потврда компонента на гуми. 

Приклучи се и ти ! 
Следете не на:
  • Facebook Basic Square
  • YouTube App Icon
bottom of page